Давид Тошевски е играч на колото во Бундеслигата!

Македонскиот репрезентативец Давид Тошевски заслужено доби големо признание, тоа е играч на колото во австриската Бундеслига.

Напаѓачот имаше меч од соништата за неговиот клуб Австрија Клагенфурт во победата над Хартберг (3-2). Даде хет-трик, прв во шампионатот во австрискиот фудбал по доаѓањето во земјата, па заслужено доби признание.

Тошевски доби највисока оценка од сите кои конкуирираа, а исто така се надје и во тимот на колото како најдобар напаѓач во рундата.

Давид Тошевски исто така се најде и во фокусот на ФИФА која секое коло ги оценува најдобрите играчи ширум најдобрите шампионати во Европа, од која доби место меѓу фудбалскиот крем за изминатата седмица.