Европските берзи утринава бележат силен раст, еден ден откако Доналд Трамп најави 90-дневна пауза на некои од повисоките царини, што внесе оптимизам кај инвеститорите.
На лондонската берза индексот FTSE 100 порасна за 6 отсто.
Во Франција, CAC 40 е зголемен за 6,3%.
Германскиот DAX, кој е особено потресен од притисокот на трговската војна, утринава скокна за цели 8%.
Сите три водечки европски индекси завршија со тргувањето вчера пред објавата на Трамп, па денешното движење се толкува како задоцнета реакција на неговото повлекување на некои од царинските мерки.