АктуелноОхрид

Охриѓанец проголтал пакување со кокаин додека полицијата вршела преглед во возилото, итно е пренесен во Општата болница

СВР Охрид поднесе кривична пријава против  лице на (32)г. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

При преглед во возило „ауди“ во кое се превезувал, пријавениот проголтал пакување со кокаин, по што полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, го лишиле од слобода и го пренесле во Општата болница во Охрид.