Тренерот на Њукасл, Еди Хау заврши во болница поради тешка пневмонија на белите дробови.
Хау не беше на клупата на „страчките“ на вчерашниот натпревар против Манчестер Јунајтед и во текот на денешниот ден клубот објави дека тој е хоспитализиран. Тој ќе остане во болница уште некое време за понатамошно лекување. Хау дефинитивно ќе ги пропушти следните два натпревари на Њукасл, против екипите на Кристал Палас и Астон Вила, а на клупата ќе биде заменет од првиот помошник Џејсон Тиндал.
Еди Хау веќе стекна репутација на легенда во Њукасл поради освојувањето на првиот трофеј по 70 години чекање и пласманот во Лигата на Шампионите предходната сезона.