• Иван Димовски

Даниел Аврамовски стигна до девет погодоци во Втората турска фудбалска лига, откако беше двоен стрелец во триумфот на неговиот Болуспор дома против Аданаспор (3-1).
Македонскиот интернационалец го постигна вториот гол за својот тим пред полувремето откако добро се снајде и излета откосо пред голот (2-0). Потоа во вториот дел течеше 73. минута кога Аврамовски по нафрлена топка како вистински голгетер со глава испрати паралела и топката од стативата се одби во мрежата за 3-1.
Досега Аврамовски има девет гола во Втората лига на Турција. Со овој скор е трет најдобар стрелец во првенството.