По големото реми во Гент, македонската фудбалска јавност очекува сигурна победа против Казахстан, но токму „добиените“ натпревари знаат да бидат најтешки. „Секој натпревар е важен, секој следен е најважен, па мечот со Казахстан ни е најважен дека ни е следен. Ќе биде тешко, Казахстан покажа на нашиот прв меч дека е квалитетен тим. Имаат нов селектор, ќе ни биде потешко за анализа и за подготовка, но подготвени сме да одговориме на секој ...

Македонската фудбалска репрезентација одигра 1:1 против Казахстан во претпоследниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Гостите поведоа во 54. минута преку Караман. Македонија изедначи во 74. минута со прецизен слободен удар на капитенот Барди од околу 27 метри. Нашите фудбалери имаа неколку добри шанси, особено преку Ристовски, но голманот на Казахстан не дозволи нов погодок. ...

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва го одработи последниот тренинг пред утрешниот исклучително важен натпревар против селекцијата на Казахстан, во рамките на квалификациите за Светското првенство 2026. Препорачано „Црвено-жолтите“ се наоѓаат на врвот на табелата во својата група и ќе се обидат со нов триумф да ја задржат лидерската позиција до ноември, кога ќе се играат последните два натпревари од квалификацискиот циклус. Во ...