Вечерва во двата вообичаени термин се играат сите реванши од осминафиналето во Лига Европа и Лига Конференции. За нас секако дека е поинтересно тоа што ќе се случува во Конфенренциската лига со оглед на тоа дека таму имаме наши интернационалци.
Дарко Чурлинов со својата Јагелонија гостува кај Серкл Бриж. Полскиот тим има предност од првиот меч од 3:0 па така се очекува Чурлинов со својот тим да се најде во следната фаза.
Работата на Борац Бања Лука, за кого настапуваат Бобан Николов, Дамјан Шишковски и Себастијан Херера, е далеку потешка ако се знае дека гостуваат кај Рапир Виена и имаат само 1:1 од првиот меч во Бања Лука минатата недела. Сепак босанскиот тим нема намера предвреме да се предаде.
На останатите средби во ЛК супер интересно ќе биде на реваншот меѓу Фиорентина – Панатинаикос (2:3 од првиот меч), како и на средбата Виториа – Бетис (2:2 од првиот меч).
Во Лигата на Европа за пласман во 1/4 финалето на сите мечеви ќе се води голема битка, но сепак најмногу внимание предизвикуваат реванш средбите Манчестер Јунајтед – Сосиедад (1:1 од првиот меч), Билбао – Рома (1:2), Ренџерс – Фенербахче (3:1).