Реконструкцијата на Кејот во Скопје – Проект кој властите го заборавија на половина пат

Шетатајќи покрај десната страна на кејот на реката Вардар, меѓу мостовите Беласица и Генерал Михајло Апостолски, не е тешко да се види што не е во ред. Наместо простор со модерни јавни зони, обновено зеленило и функционални патеки, на ова место се издигаат купови земја, прашина и една голема заборавена просторија која се чини како да е напуштена градилишна локација.

Во септември 2024 година, Град Скопје ја објави веста за почетокот на втората фаза од проектот за реконструкција на овој дел од кејот. Со ветувањето за нова хидрантска мрежа, подновено зеленило и мултифункционален јавен простор на 12.000 квадратни метри, проектот беше презентиран како решење за создавање на привлекателно и функционално опкружување за сите оние кои ја користат оваа зона. Работите ги изведува ЈП „Паркови и зеленило“, но шест месеци по стартот, резултатите се далеку од ветеното.

Трета и четврта генерација на граѓани кои секојдневно го минуваат овој потег – велосипедисти, спортисти, рекреативци – наидуваат на заборавени делови од проектот, кои наместо да претставуваат идни јавни простори, се претвориле во симбол на запоставеност. Оние купови земја што ги гледате не се знак на напредок, туку на заборавени обврски и задоцнета имплементација.

Граѓаните го поставуваат прашањето: Каде е најавениот модернизиран јавен простор? Каде е зеленилото што требаше да го разубави кејот? Ако ова е втората фаза, тогаш што може да се очекува во третата – уште неколку месеци на чекање и уште повеќе купови земја?

Ова не е само прашање за градежните стандарди. Ова е прашање за обврската на градските власти да ги реализираат проектите кои ги најавуваат и да ги испочитуваат ветувањата што им се дадени на граѓаните. Кејот на Вардар не смее да остане уште една неисполнета идеја. Граѓаните заслужуваат одговори – што точно се случува со проектот и кога ќе ги добијат она што им беше ветено?

Извор 24 Инфо

Зачлени се на нашиот е-билтен