logo
logo
logo

Падна португалската влада по гласањето за доверба

Vecer | 12.03.2025

Падна португалската влада по гласањето за доверба

Премиерот Луис Монтенегро побара гласање за доверба на владата во четвртокот, откако опозицијата го доведе во прашање неговиот интегритет во врска со работењето на консултантската компанија што тој ја основаше и сега управувана од неговите синови.

Компанијата има договори со приватни фирми. Монтенегро ги негира сите обвинувања.

-Инсинуацијата дека сум ги помешал деловните и политичките активности е сосема погрешна, па дури и навредлива. Повторената лага не станува вистина, но ја контаминира политичката средина... го храни популизмот, рече тој во парламентот пред гласањето.

Претседателот Марсело Ребело де Соуса ќе одлучи дали ќе распише нови избори по консултации во следните неколку дена. Тој рече дека нови избори би можеле да се одржат во средината на мај.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk