Било каква разлика во квалитетот на видеата на Instagram обично се препишува на квалитетот на телефонот, измената на видеото од страна на корисникот и слично. Сепак, стандардните логики не се единствените, се дозна од страна на директорот на овој дел од Meta, Адам Мосери.
Тој преку видео во кое одговара на прашања од корисниците, открива дека квалитетот на видеата зависи од нивната популарност, кратко кажано. Со други зборови, видеата кои добиваат повеќе прегледи се пуштаат со поголем квалитет, додека тие кои не продолжуваат да имаат прегледи по почетната популарност, добиваат понизок квалитет.
Ова секако е поврзано со ресурсите кои се потребни за пуштањето на сите видеа кои се достапни преку Instagram, односно сите Stories, Reels и класични видеа прикачени на мрежата.
За подобар квалитет е потребна подобра оптимизација и компресија на видеото, па од компанијата сметаат дека тоа треба да биде достапно за најпопуларните видеа, односно за тие кои најмногу се гледаат.
Ова веќе беше објаснето од страна на Meta, кои истакнуваат дека при првото прикачување видеата добиваат основна компресија, па дури кога ќе се покажат како популарни се користи подобра технологија и со тоа подобар квалитет на прикажување.