ВИДЕО Само со трактор кон Батинци, Таор и долно Лисиче – патот е целосно блокиран

Обилниот дожд и неисчистеното корито попладнево предизвикаа Маркова река да се излее и да предизвика поплави во село Батинци, општина Студеничани.

Освен поплави во домовите, поплавени се и голем дел од патиштата. Патиштата кон Батинци, но и во населбата Пинтија, како и во село Таор и Долно Лисиче се целосно блокирани од вода, а пристапот е возможен само со трактор.

Исклучена е и струјата на неколку места.

Во опасност е и мостот кој ги поврзува Драчево и Пинтија.

Жителите на овие населени места се соочуваат со сериозни проблеми во транспортот.

Ситуацијата останува критична, а локалните власти со тешка механизација се на терен и работат на создавање насипи.

Се апелира до сите жители да бидат внимателни и да избегнуваат патување во овие области додека условите не се подобрат.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното