Денвер нагетс донесоа крајно неочекувана одлука на самиот крај од сезоната во НБА. Тимот за кој настапува најдобриот кошаркар на денешницата, Никола Јокиќ остана без тренер.
Како што објави „ЕСПН“, Мелоун во Денвер ќе го замени досегашниот помошник Дејвид Аделман. На неколку дена пред почетокот на плеј-офот, раководството на Нагетс закажа состанок со Мелоун, каде што беше информиран дека добива отказ. Мелоун има 53 години и е на чело на Нагетс од 2015 година. Тој е тренерот кој има најмногу победи во историјата на Нагетс, а во 2023 година ги доведе до најголемиот успех во историјата, освојувањето на шампионски прстен во НБА.
Интересно е тоа што Дејвид Аделман е син на познатиот тренер Рик Аделман, кој своевремено ја предводеше успешната генерација на Сакраменто Кингс, за која настапуваа Марк, Вебер, Мајк Биби, Владе Дивац и Предраг Стојаковиќ. Дејвид Аделман е во Денвер од 2017 година од кога работи како помошник на Мелоун.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА