На 01.03.2025 година во 14.45 часот, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, во близина на населбата „Св.Стефан“, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, ги приведоа лица на (36) и (35), двајцата од Охрид.
Претходно, полициска патрола од полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, преземајќи службени мерки, сопрела патничко возило „БМВ“ со охридски регистарски ознаки во кое, двајцата се превезувале и при преглед, во возилото пронајоа и одзедоа најлонска опаковка со Марихуана.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
