Како што пренесе ДПА, тие ќе го посетат Рим и градот Равена, користејќи ја дипломатијата на „меката моќ“ на монархијата за зајакнување на односите на Британија со нејзиниот сојузник.
Државната посета на Светата столица, Ватикан, е откажана, бидејќи папата Франциск закрепнува откако ја напушти болницата по лекувањето од пневмонија.
Чарлс ќе стане првиот британски монарх кој ќе се обрати во двата дома на италијанскиот парламент – на комората на пратеници и на сенатот на републиката.
Кралот, исто така, ќе има аудиенција кај претседателот Серџо Матарела и премиерката Џорџа Мелони, а тој и неговата сопруга ќе присуствуваат на државниот банкет со црни вратоврски во Палацо Квиринале, организиран од претседателот, вечерта на нивната 20-годишнина од бракот.