Неверојатниот гол на Тонали ја одбележа вечерта во Премиер лигата (Видео)

Екипите кои се борат за место во Лигата на шампионите извојуваа победи во вечерашните средби од англиската Премиер лига.

Славеа Манчестер сити, Њукасл и Астон вила, три кандидати за четвртото и петтото место кои ќе водат во европската елита за следната сезона.

Граѓаните со голови на Грилиш и Мармуш беа подобри од Лестер, за кого ова е седми пораз по ред. Њукасл со 2-1 го совлада Брентфорд. Првиот гол го даде Исак, негов 20-ти сезонава (по 10 дома и на гости), а вториот беше ремек-дело на Сандро Тонали. Неверојатниот гол на Тонали погледнете го ТУКА. Астон вила предводена од јануарските принови Рашфорд, Асенсио и Мален, со три гола во второто полувреме славеше кај Брајтон со 3-0.

Ипсвич ги задржа теоретските шанси за опстанок по изненадувачката вечерашна победа од 2-1 на гости кај Борнмут, а спас ќе нема за последнопласираниот Саутхемптон, кој прими гол за 1-1 со Кристал палас.

- Оглас -

Најнови вести