Суровини

Нафтата на ценовна лулашка додека трговците ги следат казните и заканите на Трамп

Извор: Bloomberg News

31 март 2025, 11:19

Брент нафтата за испорака во јуни се тргува по цена од 72,78 долари за барел

Барел ВТИ нафта чини околу 69 долари

Нафтата на ценовна лулашка додека трговците ги следат казните и заканите на Трамп

Bloomberg Mercury

Нафтата флуктуираше додека пазарот ги одмерува измешаните забелешки на Доналд Трамп и заканата од нови казни за руската сурова нафта доколку неговиот колега Владимир Путин одбие прекин на огнот со Украина.

Трамп им рече на новинарите на „Ер Форс 1“ (Air Force One) дека не мисли дека Путин „ќе го повлече својот збор“, што се чинеше како да ја намалува острината од неговата претходна критика, кога „Ен-би-си њуз“ (NBC News) извести дека тој е „многу лут“ на рускиот претседател и дека ќе размисли за „секундарни царини“.

Јунскиот договор на брентот сурова нафта е малку променет и неговата цена е нешто под 73 долари за барел, додека цената на нафтата „ВТИ – Вест Тексас Интермедиејт“ (WTI - West Texas Intermediate) е близу 69 долари. Заканата на Трамп доаѓа пред воведувањето на таканаречените реципрочни американски давачки оваа недела врз другите нации што може да доведат до повеќе одмазднички мерки и дополнителна нестабилност на пазарот.

Bloomberg Mercury
 

 

Русија е еден од трите најголеми светски производители на нафта, што значи дека секој заеднички обид да се казни Путин може да има далекусежен ефект врз поширокиот пазар на сурова нафта. Индија и Кина, кои станаа клучни купувачи по целосната инвазија на Москва врз Украина, би се соочиле со особен притисок.

Дали царините „се само тешки муабети или навистина ќе бидат имплементирани, останува да се види“, рече Гао Џијан, аналитичар во „Кишенг фјучерс“ (Qisheng Futures Co.). „Но руската трговија со нафта е од големи размери, па тој мора добро да процени и да одмери за и против“, вели Џијан.

Извозот на сурова нафта од производителите на ОПЕК + (Организација на земји извознички на нафта и нивни сојузници) во март достигна највисоко ниво во последните пет месеци, а американските санкции врз флотата на нафтени танкери на нацијата покажуваат знаци на попуштање. Трамп во телефонско интервју за „Ен-би-си“ (NBC) изјави дека ќе наметне казни доколку не се постигне договор за Украина.

Трамп, исто така, рече дека размислува да го казни Техеран со неодредени „секундарни царини“ и ја повтори заканата за бомбардирање на Иран додека не потпише договор со кој се откажува од нуклеарното оружје.

Фјучерсите на брент нафтата се на пат да остварат мала месечна добивка, откако другите американски царини и санкции предизвикаа загриженост за потенцијални нарушувања на тековите на сурова нафта, иако главните трговци остануваат песимистични во врска со изгледите за остатокот од годината поради зголемената понуда.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.
Нафтата значително поевтинува додека Израел напаѓа воени цели на Иран
Суровини

Нафтата значително поевтинува додека Израел напаѓа воени цели на Иран

Конкретно, нафтата брент за испорака во декември утрово падна за 6,2 отсто, на 71,37 долар, додека нафтата ВТИ за испорака во декември се лизна за 6,4 проценти, со што барел се тргува по цена од 67,22 долари.

28.10.2024

Сите новости од рубриката Пазари

Пазари

сите новости од рубриката Пазари

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Истражете ги понудите

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите