Бизнис

СРБИЈА ВОВЕДУВА КВОТИ ЗА ИЗВОЗ НА СТАРО ЖЕЛЕЗО

24.12.2024

Владата на Србија воведува  квоти за извоз на отпад и остатоци од метал кои содржат железо или челик, во обем од 30.000 тони на годишно ниво. Квотите се воведуваат на барање на домашната индустрија поради критичниот недостиг  на суровина за производство на железо и челик.

Распределбата на квотите за извоз се врши врз основа на моделот  на хронолошко поднесување на царинските декларациии „прв дојден, прв услужен“. А со декларацијата компанијата треба да приложи и дозвола од Министерството за заштита на животната средина за извоз на отпад.

Квотите се делат на квартални количини во висина од 3.000 тони за првиот квартал и по 9.000 тони во другите квартали. Неискористената количина за извоз во еден квартал се додава на количината за извоз за наредниот квартал.

Максималната количина која може да ја извезе една компанија во секој поединечен квартал е 45 отсто од висината на кварталната квота, пренесува „Бизнис.рс“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО