• сабота, 12 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ќе се набавуваат 120 еколошки автобуси, најголем дел за Скопје

Ќе се набавуваат 120 еколошки автобуси, најголем дел за Скопје

Скопје, 1 април 2025 (МИА) - Владата денеска на седница усвоила Информација за набавка на 120 еколошки автобуси, од кои 80 се ургентно потребни за обнова на возниот парк на ЈСП- Скопје и подобрување на јавниот превоз, а останатите 40 ќе бидат распределени согласно економската оправданост и реалните потреби на секоја од единиците на локалната самоуправа. 

-Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерство за транспорт во врска со доставените писма за интерес од единиците на локалната самоуправа за потребата од набавка на еколошки автобуси за јавен превоз. Имајќи ги предвид финансиските средства обезбедени во рамки на буџетот на Министерството за транспорт за оваа намена, предвидена е набавка на 120 еколошки автобуси, од кои 80 се ургентно потребни за обнова на возниот парк на ЈСП- Скопје и подобрување на јавниот превоз, а останатите 40 ќе бидат распределени согласно економската оправданост и реалните потреби на секоја од единиците на локалната самоуправа, информира владината прес-служба.

Набавката на еколошките автобуси за јавен превоз, додаваат од Владата, ќе придонесе за подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните, како и намалување на загадувањето на воздухот во општините, одржлив развој и заштита на животната средина. сст/ев/

Фото МИА архива

Остани поврзан