Самарџиев: Срам ми е, дојдовме како туристи

t

Работнички претрпе еден од најтешките порази во своето 33-годишно ривалство со МЗТ Скопје во домашните натпреварувања, откако во вечерашното четвртфиналето од Купот на Македонија загуби со огромни 35 поени разлика (63-97).

Тренерот на центарци, Горан Самарџиев, беше брутално самокритичен по средбата.

„Срам ми е, дојдовме како туристи во Гевгелија, без жар и желба за победа. Ја преземам одговорноста за поразот, можеби јас не ги тренирам и подготвувам добро. МЗТ ни одржа лекција по кошарка и покажа дека е најсериозен кандидат за трофејот“, изјави Самарџиев.

Натпреварот беше израмнет само во првата четвртина, по што тимот од Аеродром целосно ја презеде контролата и го наметна своето темпо. Аеродромци, кои го бркаат 13-тиот трофеј во ова натпреварување, во утрешното полуфинале ќе ги одмерат силите со Пелистер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешниот директор на полицијата во Црна Гора…

Поранешниот директор на Полициската управа на Црна…

Скопјанка пријавила дека 11 години помладиот партнер…

Жена од Скопје вчера пријавила во полиција…

Зеленски: Украина нема да ја признае американската…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…

Американски авион се враќал од пола пат…

Авион на американската компанија „Јунајтед ерлајнс“, кој…