• четврток, 17 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Петрушевски: Кашиковски од ССМ со плата од над 50.000 денари, Трендафилов и луѓето околу него со енормни примања

Петрушевски: Кашиковски од ССМ со плата од над 50.000 денари, Трендафилов и луѓето околу него со енормни примања

Скопје, 31 март 2025

Почитувани,

Кашиковски од ССМ со плата од над 50.000 денари, Трендафилов и луѓето околу него со енормни примања.

Според информациите кои стигнаа до нас од свиркачи од ССМ, Стојанче Кашиковски, претседател на синдикатот на работниците од угостителството, туризмот и комунално-станбено стопанство остварува и дополнителни годишни примања покрај платата. Вкупните примања на Кашиковски во 2023 година, во кои влегува неговата плата и примања по други основи, биле над 810.000 денари.

Ова се синдикалците на Трендафилов и ССМ, не се знае кој од кој поголеми примања има.

Според свиркачите од ССМ, кои се разочарани од актуелното раководство, Трендафилов и луѓето околу него го претвориле синдикатот во приватна фирма.

Трендафилов и луѓето околу него одработуваат за нивните позиции по ноти на СДС, кои и ги поставија на нелегитимен начин.

Ова се луѓето кои додека ги лажат работниците за минималец, тие земаат плати неколку пати поголеми од тоа од синдикатот.


Линк од видео материјал: 

https://www.youtube.com/watch?v=dcG00PtsZl4

https://limewire.com/d/usfvg#9WjaVsmJr3

 

Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан