„Изгледам како да имам 15 години откако потрошилв 15.000 евра на комплетна „мами“ трансформација – луѓето веќе не ме препознаваат“

Челси Дојл од Бромли, Југоисточен Лондон, ја покажа својата целосно променета фигура откако вложила 15.000 евра во естетски зафати за „мами трансформација“ – жаргон за козметички процедури што жените често ги прават по раѓање на деца за да си го вратат телото од пред бременост.

Таа го добила своето прво дете на 15 години, а потоа родила уште пет деца. Во тој период, постепено качила 32 килограми и се искачила за шест броеви во облека.

 

„Изгледам како да имам 15 години откако потрошилв 15.000 евра на комплетна „мами“ трансформација - луѓето веќе не ме препознаваат“

Прв чекор: Операција за слабеење

28-годишната Челси признава дека јадела дури пет пати неделно брза храна, обидувајќи се да се справи со емоциите преку храна. Најтешка била 105 килограми, а иако пробала бројни диети, секогаш го враќала изгубеното.
По две години борба со ниска самодоверба, решила да преземе радикален чекор – во декември 2022 година платила 2.400 евра за гастричен ракав во Турција.
По операцијата, се хранела исклучиво со течности, а за само една недела изгубила околу 6,5 килограми. Во текот на годината ослабела 50 килограми, но ѝ останала вишок кожа, што ја терало и понатаму да се чувствува несигурно.

 

Прв чекор: Операција за слабеење

„Мами трансформација“: Серии на естетски интервенции

Во 2024 година, Челси решила да направи дополнителни корекции на телото. Инвестирала 6.500 евра во затегнување на стомакот, липосукција, зголемување на градите и нивно подигнување.
Но, тука не застанала. Во јануари 2025 година, потрошила уште 4.000 евра за да ги затегне рацете и бутовите.
Сега тежи 52 килограми и од носење облека со број 20, стигнала до број 4. Вели дека конечно се чувствува доволно самоуверено да носи куси маички и бикини.

 

„Мами трансформација“: Серии на естетски интервенции

„Оваа операција ми го спаси животот“

„Имам шест деца и практично имав породување по породување, без да ослабам меѓу нив. Само здебелував и здебелував. Пробав сè – шejкови, диети ама ништо не ми држеше. Секогаш го враќав изгубеното“, вели таа.
Таа открива дека избегнувала одмори, не сакала да оди на базен со децата и постојано се чувствувала несигурно.
„Бев зависна од храна. Ако бев тажна, јадев. Ако бев среќна, пак јадев. Не бев ниту гладна, но постојано јадев“.

 

„Оваа операција ми го спаси животот“

Сега, по сите операции, Челси вели дека не само што изгледа помладо, туку ѝ се вратила и енергијата

„Не сум уморна, не сум без здив. Веќе не бегам од социјални настани, децата ги носам насекаде. Во ноември бев во Лансароте и цело време носев бикини – нешто што порано беше незамисливо за мене. Луѓето не можат да ме препознаат. Ми велат дека изгледам барем 10 години помладо.
Оваа трансформација буквално ми го спаси животот“.

 

Сега, по сите операции, Челси вели дека не само што изгледа помладо, туку ѝ се вратила и енергијата

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *