Македонија
(ФОТО) СВР Охрид реализираше едукативно-превентивна кампања „Не пиј кога возиш“, додека ОВР Кичево ја спроведе „Паркирај совесно, паркирај одговорно” за сите учесниците во сообраќајот

Изминатиов викенд, Отсекот за превенција при СВР Охрид, на подрачјето на Охрид, ја реализираше едукативно-превентивната кампања – „Не пиј кога возиш“. Целта на кампањата е насочена кон подигнување на степенот на безбедносна култура и на свеста кај граѓаните за зголемена внимателност и будност кај сите учесници во сообраќајот а пред се кај возачите на моторни и други возила што треба да придонесе за повисока безбедност во сообраќајот.
Притоа, полициските службеници од Отсекот за превенција, во соработка со полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид и со Републичкиот совет за безбедност на сообраќај на патиштата, на повеќе пунктови во градот и во приградските населби, на возачите на моторни возила и другите учесници во сообраќајот, низ непосредна комуникација им укажуваа на доследно придржување кон правилата и прописите во сообраќајот, почитување на поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сигнализација, исклучиво придржување кон дозволената брзина на движење со моторни возила и некористење мобилни телефони во текот на возењето.
Посебно беше посочено дека, управување моторно возило под дејство на алкохол нема да биде толерирано и дека законските санкции, во такви случаи, ќе бидат доследно и неселективно применувани. На возачите на моторни возила, им беа поделени летоци и друг едукативен материјал со низа практични совети кои водат кон јакнење на личната, но и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
Истовремено и полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата при ОВР Кичево, на подрачје на Кичево ја спроведоа едукативно-превентивната кампања „Паркирај совесно, паркирај одговорно”. Полициските службеници во непосредните контакти со возачите на моторни возила како учесници во сообраќајот, укажуваа на потребата и законската обврска за одговорно придржување до законските одредби за безбедност во сообраќајот. Воедно, на возачите им беа делени едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП, известува Министерството за внатрешни работи.
Македонија
Жител на Крива Паланка возел 142 км/ч на место обележано до 70 км/ч

На 19.04.2025 во 11.30 часот на патот кон с.Гиновце, општина Ранковце, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Т.М.(47) од Крива Паланка, кој управувал патничко возило „бмв“ со кривопаланечки регистарски ознаки, со поголема брзина од дозволената, односно со 142 км на час на место каде дозволената максимална брзина е 70 км на час.
Т.М. бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, известува МВР.
Македонија
На пат Гостивар-Кичево бил лишен од слобода возач кој престигнувал подолга колона

На 19.04.2025 во 12.10 часот полициски службеници од ПС Гостивар на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на каменоломот, го лишиле од слобода Ф.С. (59) од с.Ливада, струшко, кој со неговото возило „фолксваген“ со струшки регистарски таблици, извршил престигнување на подолга колона на возила, при што ја загрозил безбедноста во сообраќајот.
По документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 297-а од КЗ- „безобsирно управување сo моторно возило“, известуваат од МВР.
Македонија
Возел мотор без возачка и со сообраќајна од друг мотор со измината важност

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(48) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.
Полициски службеници го затекнале пријавениот во Дебар како управувал мотоцикл без да поседува соодветна категорија за управување на мотоцикл, додека сообраќајната дозвола била со измината важност од друг мотоцикл, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за понеделник (21 април)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (20 април)
-
Кичево1 ден
(ГАЛЕРИЈА) Кичевскиот храм Св.Петар и Павле за „Воскресение Христово – Велигден“ преполн со верници
-
Македонија1 ден
На пат Гостивар-Кичево бил лишен од слобода возач кој престигнувал подолга колона
-
Култура2 дена
Радувајте се Православни Христијани, Христос Воскресна – Навистина Воскресна !!!
-
Култура2 дена
Ова се најубавите Велигденски пораки, сподели радост, посакај здравје и среќа!
-
Македонија1 ден
Жител на Крива Паланка возел 142 км/ч на место обележано до 70 км/ч
-
Свет1 ден
Најстариот активен американски астронаут Дон Петит се врати на Земјата од Меѓународната вселенска станица (ISS) на својот 70-ти роденден.