Кичево
Учесници, спонзори, помагатели, фирми и луѓе со големо срце кои дадоа свој придонес за мега спектакуларниот кичевски „Хуманитарен Божиќен Базар“

Почитувани граѓани, изминува месец јануари, но емоциите од „Божиќниот Базар“ кој се одржуваше традиционално по 4 пат на градскиот плоштад во Кичево од 2 до 9 месецов не стивнуваат. Не стивнуваат од едноставна причина, затоа што неговиот карактер е „Хуманитарен“, но и самото дело има големо значење за град Кичево, покажавме дека кога се сака се може, заеднички за една цел!
Со овој натпис сакаме да се изрази посебен почит и благодарност до сите учесници, спонзори, лица поединци и оние кои сакаа да останат анонимни во целост.
Спонзори на манифестацијата кои ги заслужуваат сите почести:
- Ние, „Порта.мк“ (Идеологикс Медиа) – Кичево
- „Се за 99 ден“ – Кичево
- „Ел Мони“ мермери – Кичево
- Печатница „Нуки Ипчја“
- Бакарди
- Вермида Пром – Другово
- Андроко Маркет
- АТВА Маркети / АТВА Спорт
- Персонал вработени од Кипер Маркети
- Република
- Универзал Фикс
- Рибен Ресторан „Добреноец“
- Куќаре на планина (Ехлоец)
- Tobacco Toys
- BabyShop
- Еуро99
- Технички преглед / АМСМ Кичево
- Аура
- Бутик Мапе / Mape
- Beauty EM
- Sara Fashion
- Niki Toys (Сашка Софеска)
- Fitness Club – Dynamic
- LLGurmet – Вработени
- Парти Сервис Лео (Драган Костадиноски)
- Кебапчилница „Чаче“ – Кичево
- Мебел „Наум“ – Охрид
- НЦУК „Кочо Рацин“ – Кичево
- Квадрат Кафе
- Бронкс / Bronx
- Ресторан Мерак
- Леон Маркет
- Венаки
- Вработени на МакПетрол бр.054
- Power Petrol – Александар Михајлоски
- Горсај – Кичево
- ФОТО Зоран
- Baby Shop „Born“
- Sweet Sensation
Учесници:
- Маскоти (Игротека Гнездо)
- КУД Кочо Рацин / Нико Пусоски / Бисер
- Лука и Марко Лазарески
- Addicted бенд.
- Група „Бели Мугри“
- Fire Phoenix
- Членови од група „Харизма“ и група „Престиж“
- DJ & Sound „Vix Alex“ – Zmija Осветлување
- DN Sound (Даниел)
- ООУ Христо Узунов (Другово)
- ОУ Владимир Полежиноски (Кичево)
- Дарко Стојаноски, Драган Вељаноски, Христијан Тришоски, Мирослав Мирчески, Христијан Трајаноски, Михајло Данилоски, Марко Јаковлески, Орце Богданоски, Марко Тодороски, Даниел Божиноски
- Хор Митрополит Козма Пречистански
- Црвен Крст – Кичево
- Лоши (Рингишпил)
Личности и поединци кои ја препознаа нашата хумана мисија и дадоа свој придонес на најразлични начини, донации/помош на манифестацијата „Хуманитарен Божиќен Базар“
- Јованка и Ристе Лазаровски
- Таше Дејаноски
- Милена Томеска
- Наташа Пејоска
- Наталиа & Слаѓан Ѓорески (HandMade by Natalia)
- Јадранка Јандриоска
- Слаѓана Дојчиновска
- Николина Ѓорѓиоска (Игротека Гнездо)
- Јована Сарафилоска
- Матеа Николоска
- Ангелина Милановска-Запатоска
- Гордана Софронијоска
- Саше Лазарески
- Саше Стојкоски
- Колибата на Лилјана (Лилјана Ѓорѓијоска)
- Душогубчани 2022
- Јулијана Јованоска
- Југослав Василески (Југе)
- Маркет Данчо – Другово
- Бамбус Кафе
- Аце од Охрид
- Давор „Лав“ Костадиноски и Валентин Бежоски
- Трајан
- Стефи
- Јулијана Костадиноска
- Милена Филипоска
Неуморниот Тим на организатори и оператори за оваа година кои се директни виновници за манифестацијата која е најубавото нешто што му се случило на град Кичево последните години, лица со посебно хумана душа и авторитет:
- Виктор Ангелкоски
- Моника Дојчиноска Ангелкоска
- Саше Стојкоски
- Елена Дојчиноска Стојкоска
- Давор Богданоски
- Бобан Јаќимоски
- Наташа Мирческа
- Кристијан Јаќимоски
- Јована Спасеновска
- Никола Ангелкоски
- Христина Смилеска
- Даниел Веланоски
- Татјана Станојевска Веланоски
- Даниел Миловски
- Симона Каранфилоска
- Симеон Симјаноски
- Љупче Јошеска
Благодарение на сите Вам оваа манифестација беше успешно реализирана. Вашата хуманост прикажана со вашето присуство, вашите донации преку најразличен начин во деновите отидоа онаму каде најмногу требаше, кај нашиот сограѓанин Дејан Огненоски, донирано и уплатено вкупно 493,150 денари за лекување на нашиот сограѓанин.
Во завршница, ве повикуваме на Хуманитарниот концерт закажан за сабота 8-ми февруари во НЦУК „Кочо Рацин“ – Кичево со почеток од 18:30ч со нашето присуство заеднички да допринесеме што повеќе финансиски средства да се соберат за Дејан, влезот ќе чини симболични 150 денари. Картите за концертот ќе бидат пуштени во продажба од утре петок (31 јануари) од 10:00 до 17:00ч во „Check In“ кафе до самиот концерт, додека истите можат да се резервираат на тел 076/824-325 – бидејќи се во ограничен број.

Плакат, Хуманитарен Концерт за Дејан Огненоски
Сите кои неможат да присуствуваат, апелираме својата хуманост да ја изразат со донација преку мобилен телефон (Т-Мобајл) со повик на бројот 143-138, секој повик чини 100 денари, (А1 оператор) во постапка..
Оние кои се во можност да донираат преку трансакциска сметка истото можат да го направат тука преку следните информации:
Т-ска сметка: 200002853684314
Име и презиме: Дејан Огненоски
Број на ЛК/Пасош: А0015074
Се гледаме уште поуспешни и побројни, Бог да ни дава на сите здравје, сила и бериќет!
Кичево
Важно сообраќајно инфо за делница кај кичевските села Србјани-Другово, на пат Кичево-Охрид

ГД Гранит АД Скопје известува за започнување со изведба на градежни работи од 03.03.2025 година на делот на кружниот тек кој е лоциран на крстосницата помеѓу Магистрален пат А2 делница Кичево-Охрид, со пат за с. Србјани и почетокот на с. Другово.
– Се препорачува внимателно возење на тој дел од сообраќајот и да се почитува времената измена на режимот на сообраќајот на крстосницата.
Кичево
Управните служби во Кичево и останатите добиваат ново работно време

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека започнувајќи од денеска (18.02.) Отсеците за управни работи при Одделот за граѓански работи на МВР ќе работат согласно нова работна сатница.
Така, Одделение за управни работи Скопје и Отсек за управни работи Тетово, од понеделник до петок ќе имаат двосменско работење, односно работно време од 07.30 часот до 19.30 часот.
Исто така, и Отсеците за управни работи – Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица и Штип, од понеделник до петок ќе имаат работното време со почеток од 08.00 часот па до 18.00 часот, а истото работна време ќе важи и за: ОУР Битола за Прилеп, ОУР Велес за Кавадарци, ОУР Охрид за Кичево и Струга, ОУР Тетово за Гостивар и ОУР Штип за Кочани.
Во останатите пак подрачни единици – ОУР Охрид за Дебар; ОУР Битола за Крушево, за Демир Хисар, за Ресен и за Македонски Брод; ОУР Штип за Пробиштип, за Свети Николе, за Виница, за Делчево и за Берово; ОУР Велес за Неготино; ОУР Куманово за Кратово и за Крива Паланка; ОУР Струмица за Гевгелија, за Радовиш и за Валандово, работното време ќе трае од 08.00 часот до 16.00 часот.
Кичево
ОВР Кичево изврши контрола на житниот пазар, пронајде нерегуларни продукти на јавна површина

На 15.02.2025 на подрачјето на Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево извршија контроли на лица кои вршат продажба на производи на јавна површина. Притоа, на две тезги на житниот пазар, затекнати се М.Д.(60) од Скопје и А.Џ.(66) од Кичево, кои за продажба изложиле повеќе парализатори и метални палки на преклоп и други предмети.
Врз основа на членот 80 од Законот за оружје, предметите се одземени, а против двете лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, за медиумите и јавноста известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Кичево5 часа
Важно сообраќајно инфо за делница кај кичевските села Србјани-Другово, на пат Кичево-Охрид
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (27 февруари)
-
Македонија2 дена
(ФОТО) МВР откри и одзеде поголема количина на прехранбени производи во близина на Танушевци
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за петок (28 февруари)
-
Временска прогноза2 дена
Од недела нашата територија ќе биде изложена на нов ладен и влажен бран, ова се информациите
-
Магазин1 ден
Еве кои Samsung телефони први ќе го добијат ажурирањето на One UI 7
-
Автомобили1 ден
„Шкода“ започнува со производство на новите автомобилски модели „Enyaq“ и „Enyaq Coupé“
-
Спорт2 дена
ФФМ најостро ги осудува злонамерните напади насочени кон претседателот Омерагиќ и претседавачот на комисијата за делегирање на судии Бартон