(Видео) Покер голови на Милан кај Удинезе

(Видео) Покер голови на Милан кај Удинезе

пред 2 недели

Фудбалерите на Милан убедливо триумфираа на гостувањето кај Удинезе со резултат 4:0 во натпреварот од 32.коло на Серија А.

Милан му го нанесе третиот последователен пораз на тимот од Удине во меѓусебните дуели, што се случи за прв пат од 2008 година.

Натпреварот беше отворен со пропуштена прилика на Рејндерс, а до крајот на првите 45 минути ништо не навестуваше убедлив триумф на гостите.

Во 42. минута Рафаел Леао ја прекина серијата од шест натпревари без гол, а Страхиња Павловиќ пред паузата ја зголеми предноста.

Вториот дел од натпреварот донесе уште два гола. Најпрвин Тео Ернандез зголеми на 3:0, а потоа Рејндерс го постави конечниот резултат.

Милан го забележа 14-от триумф сезонава, но нема да се помести од деветтото место, сега има бод помалку од Фиорентина.

Удинезе е на 11. место, а ова е четврти последователен пораз.

Share