Финансии / Банкарство

ЕВРОПСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА Е ПОБЛИСКУ ДО ЦЕЛТА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА

23.12.2024

Европската централна банка (ЕЦБ) продолжува со намалувањето на каматните стапки во услови на слаб економски раст и намалена инфлација. Пазарите очекуваат каматните стапки да се спуштат до 2 отсто во 2025 година, но некои аналитичари предупредуваат дека подлабоки намалувања се можни ако трговските ризици и глобалната несигурност се зголемат.

Во 2024 година, ЕЦБ ја намали основната депозитна стапка на 3 отсто, што претставува пад од цел процентен поен. Инфлаторните трендови се стабилизираат – годишната инфлација во еврозоната падна од 2,8 отсто во јануари на 2,2 отсто во ноември. Истовремено, економскиот раст забави, достигнувајќи само 0,4 отсто на годишно ниво во третиот квартал, со што регионот се доближува до стагнација.

- По долг период на рестриктивна политика, сега сме на пат кон враќање на инфлацијата кон целта, изјави претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард на говор во Вилнус.

Претседателката на Европската централна банка изјави дека еврозоната е „многу блиску“ до постигнување на среднорочната цел за инфлација на централната банка, според интервјуто објавено од „Фајненшл тајмс“ во понеделникот.

- Ние сме многу блиску до таа фаза кога можеме да изјавиме дека одржливо ја доведовме инфлацијата до нашите среднорочни 2 отсто. Инфлацијата со  последното читање што го имаме е 2,2 отсто. Но, услугите сè уште се 3,9 отсто и не се повлекуваат многу,  рече Лагард.

ПРЕПОРАЧАНО