Фудбал хајдук

Трајковски по голот: Имав претчувство каде ќе нафрли Ливаја, се надевам на поголема минутажа…

Александар Трајковски е спасителот на Хајдук на денешниот натпревар против Лоомотива Загреб, на кој токму македонскиот ас стрелаше прецизно за реми 1-1, во последната минута помагајќи неговиот тим да избегне пораз.

„Кога ќе се најдеш во таква ситуација мораш да „прочиташ“. Имав претчувство каде ќе нафрли Ливаја, тргнав кон втората статив и фала му на Бога што топката стигна до мене. Успеавме да стигнеме до бод, не го загубивме натпреварот, одиме понатаму… Секогаш е прекрасно чувството кога ќе се постигне гол, ова не беше ништо поразлично. Покажав дека можам да помогнам, се надевам дека на следните натпревари ќе добијам поголема минутажа, да помогнам да влеземе во серија победи, а не нерешени натпревари“, изјави Трајковски.

Ремито во Сплит значеше и дека Хајдук го загуби првото место на табелата, па сега заостанува еден бод зад новиот лидер Ријека.

„Ние гледаме напред, одиме натпревар по натпревар. Знаеме што се очекува од нас, ние сме Хајдук и сакаме да победиме на секој натпревар до крајот ан сезонава. Ако даде Бог, да ја освоиме и титулата што толку многу ја посакуваме“, оптимист е Македонецот во редовите на Хајдук.

Теми на денот

To top