ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НАВИВАЊЕ - Македонија игра против Холандија!

17. 01. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Светското првенство во ракомет го почнавме како вистинска ракометна сила

Македонската репрезентација денеска во 18 часот го игра вториот меч од Светското првенство во Хрватска. Противникот тежок, Холандија е во топ пет фаворитите за висок пласман. Играат брз ракомет па на нашите ракометари ќе им биде тешко да го следат нивниот ритам.

Но, нашите ракометари треба да ја играат својата игра со многу борбеност што го покажаа на првиот меч со Унгарија. Најважно е да се остане смирен и да не потпаднеме на „брканицата“ на Холанѓаните. 

Инаку, колку за потсетување, Македонија пред две години се сретна со денешниот ривал во рамките од второто коло од СП 2023 во Краков, каде бевме целосно надиграни и заслужено загубивме со убедливи 24-34. Тоа ќе биде мотив повеќе за нашите ракометари, од кои голем дел настапија на тој меч во Полска, целосно да им се реваншираат на „лалињата“.

„Во Краков беше една друга репрезентација, многу од овие играчи што се тука, тогаш беа на своите почетоци, сега сме поискусна репрезентација. Го паметиме тој дуел и поразот, но верувам дека денешниот меч ќе биде сосема поинаков. Ќе решаваат нијанси, тој што ќе направи помалку грешки ќе го добие мечот“, вели Жарко Пешевски во пресрет на денешната пресметка.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата