Арсенал три месеци не загубил, но и Сити е без лигашки пораз во 2025

1113 Арсенал – Манчестер сити (17.30 часот)

Во дербито на колото во Премиер лигата, Топчиите влегуваат со шест бодови предност во однос на Граѓаните. Со евентуална победа или реми, Арсенал би бил осамен на второто место на табелата, а Сити се надева на продолжување на убавата серија во лигата без пораз која трае повеќе од еден месец. Арсенал точно три месеци не знае за пораз во Премиер лигата. Што се однесува до меѓусебните дуели на овие екипи во Лондон, уште од 2017 не било нерешено, а есеноска на „Етихад“ беше 2-2, Сити во 98-ма минута се спаси од пораз.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.86)

 

2845 Баер Леверкузен – Хофенхајм (17.30 часот)

Актуелниот германски првак што и да направи на овој меч, ќе остане на втора позиција како единствен ривал на Баерн за титулата. Гостите се борат за опстанок, освоија четири бода во претходните две кола и осоколени одат на ова гостување. Хофенхајм има три, а Баер два меча по ред со 4+ голови. Есеноска Леверкузен како гостин победи со 4-1, сите статистики покажуваат дека и денеска треба да има барем три гола.

Предлог тип: 1 & 3-5 (1.95)

 

3651 Милан – Интер (18.00 часот)

За градските ривали Милан и Интер ова е веќе трети меѓусебен дуел сезонава, а во првите два минимални победи извојуваа Росонерите, најпрвин 2-1 во Серија А, потоа 3-2 во драматичниот Суперкуп на Италија. Милан на „Сан Сиро“ не знае за пораз уште од октомври. Интер е фаворит за победа според квотите, на Нераѕурите им требаат бодовите во трката со Наполи за титулата. Милан има дури 16 бодови помалку од Интер и во моментов е надвор од позициите на табелата кои водат во Европа.

Предлог тип: GG & 2+II (2.30)

 

2849 Марсеј – Лион (20.45 часот)

Марсеј кој е второпласиран на табелата во француската лига, бара излез од мини-кризата, веќе две кола по ред немаат победа. Тие се втор најефикасен тим со 40 погодоци на 19 меч, а Лион има само една победа во последните пет кола и сега е на седум бодови зад Марсеј. Лион има низа од четири ремија по ред во сите натпреварувања. Последната домашна победа на Марсеј беше на 5-ти јануари. Есеноска во Лион, Марсеј победи со 3-2 во спектакуларен меч на кој сите голови паднаа во второ полувреме, победничкиот гол во 95-та минута, а имаше и ран црвен картон за Марсеј и утнат пенал на Лион во финишот на првиот дел.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.35)

 

3652 Рома – Наполи (20.45 часот)

Наполи е лидер во Серија А, има најмалку примени голови од сите тимови во лигата, а ова гостување им е сериозен тест за шампионските амбиции. Рома собра 10 бода во последните четири кола, но Наполи е во уште подобра форма, има седум лигашки победи едноподруго. Волицата дома три месеци не знае за пораз, а последниот гостински пораз на Наполи беше токму во Рим, но од Лацио и тоа во купот. Претходните четири меѓусебни дуели на Рома и Наполи на „Олимпико“ биле тврди, со 0-2 гола. Во ноември во Неапол беше 1-0 за Наполи.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.76)

 

- Оглас -

Најнови вести