Бизнис

ТУРЦИЈА ГОДИНАВА ОЧЕКУВА РЕКОРДЕН БРОЈ ТУРИСТИ ОД РУСИЈА

22.03.2025

Турција очекува оваа година да биде домаќин на повеќе од седум милиони руски туристи, изјави денеска Хасан Екер, потпретседател на Асоцијацијата на турски туристички агенции (ТУРСАБ).

На меѓународниот саем за туризам во Москва, Екер изјави дека оваа година има големи очекувања од рускиот пазар, бидејќи Турција во моментов е на високо ниво во однос на цената и квалитетот на туристичките услуги.

Според него, повеќе од 6,5 милиони руски туристи ја посетиле Турција минатата година, пренесува Танјуг.

- Рускиот пазар отсекогаш бил еден од трите најголеми пазари во Турција. Сметаме дека оваа година ќе дојдат меѓу 7 и 7,5 милиони туристи, со зголемување од најмалку десет проценти, вели Екер.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО