Вердер Бремен на домашен терен вечерва го совлада Мајнц со 1-0 на отворањето на 20. коло во Бундеслигата. Леонардо Битенкур ја донесе победата со гол во 15. минута.
Интересно е тоа што Вердер го заврши мечот со деветмина на терен, поради црвените картони на Штарк и Фридл во финишот од средбата.
Вреди да се напомене дека домашниот тим промаши и пенал во 12. минута од средбата. Дукш не реализираше од белата точка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА