Кристијано Роналдо би можел да помине уште две сезони во дресот на Ал Наср.
Саудискиот клуб е заинтересиран да ја продолжи соработката со 40-годишниот напаѓач на португалската репрезентација.
Ал Наср веќе му понудил на Роналдо продолжување на договорот за две години, до летото 2027 година, пренесува новинарот Џанлуиџи Лонгари.
Актуелниот договор на Португалецот е до 30 јуни 2025 година. Кристијано оваа сезона постигна 21 гол на 25 натпревари во првенството на Саудиска Арабија и води во трката за најдобар стрелец.