Трамп го отпушти шефот на агенцијата за безбедност

од Љубиша Владимиров
34 прегледи

Шефот на американската Агенција за национална безбедност (НСА), Тимоти Хаф, е разрешен, објави Вашингтон пост, повикувајќи се на двајца актуелни и еден поранешен американски функционер.

Тимоти Хаф, кој истовремено ја предводеше и Американската сајбер команда (УСАЈБЕРКОМ), беше разрешен заедно со неговата заменичка Венди Нобл, објави весникот.

Според Вашингтон пост, Нобл е префрлена на ново работно место во Пентагон. НСА е дел од Министерството за одбрана на САД.

Актуелните и поранешните функционери, на кои се повикува весникот, изјавиле дека не ја знаат причината за разрешувањето на Хаф или за трансферот на Нобл.

Заменик-шефот на УСАЈБЕРКОМ, Вилијам Хартман, е именуван за вршител на должноста директор на НСА, а Шејла Томас, која досега била извршен администратор на агенцијата, е назначена за негова привремена заменичка, наведува Пост.

Ниту Пентагон, ниту Белата куќа веднаш не одговориле на барањата за коментар.

Демократот Џим Хајмс, висок член на Комитетот за разузнавање при Претставничкиот дом, го осуди разрешувањето на Хаф.

Откако ја презеде функцијата на 20 јануари, републиканскиот претседател Доналд Трамп отпушти голем број шефови на американските разузнавачки служби и ги замени со лојални кадри.

Илон Маск, кој раководи со напорите на администрацијата на Трамп за намалување на бројот и зголемување на ефикасноста на вработените во федералната администрација, минатиот месец ја посети НСА за да се сретне со Хаф.

НСА е една од клучните разузнавачки агенции во САД и користи напредна, специјализирана технологија и системи за прибирање и анализа на разузнавачки податоци.

УСАЈБЕРКОМ, пак, спроведува офанзивни и одбранбени операции и ги надгледува мрежите на Министерството за одбрана.

Слични содржини