Џонов: Дваесетина минути држевме екстра темпо, а потоа Словенија го докажа својот квалитет

Ракометарите на Македонија претрпеа пораз од Словенија (26-32) во третото коло од квалификациите за Европското првенство. Натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ понуди голема борба, одигравме одличен прв дел и потоа паднавме под притисокот за конечен неуспех.

По средбата анализа на одиграното и најава на вториот дуел даде Иван Џонов.

„Мислам дека прикажавме добра игра во првиот дел. Сепак, брзо паднавме и тоа екстра добро темпо го држевме 20 минути. Во вториот дел паднавме, а Словенците одново докажаа колку се квалитетни. Го знаевме тоа и бевме свесни, ама на терен ни покажаа. Наше е сега да се консолидираме, да анализираме и да ги поправиме грешките и да одиме на позитивен резултат во Словенија. Апсолутно се фаворити во тој меч, наше е да се одмориме и анализираме за да се поправиме, па да се обидеме да направиме подобар успех“, изјави Џонов.

Веќе в недела следува вториот натпревар против Словенија кој ќе се одигра во Копер во терминот од 18:30 часот.