• Горан Упале

Хрватската ракометна репрезентација немаше сили за уште една сензационална победа и го освои среброто на Светското првенство, откако во финалето загуби од Данска со 26-32.
На три ипол минути пред крајот, со негатива на Хрватите од шест гола, селекторот Дагур Сигурдсон повика тајм-аут и го одржа последниот говор, свесен дека поразот е неизбежен. Во нападот пред тоа, на Данска ѝ беше досуден седмерец, а двајца хрватски играчи беа исклучени поради протести.
„Да го завршиме натпреварот со кренати глави. Играјте добар ракомет, оставете ги судиите на мир.
„Еб*те ги судиите, еб*те ги сите“, им рече исландскиот стратег на хрватските ракометари.
По крајот на натпреварот хрватските навивачи незадоволни од неколку одлуки на судиите скандираа – „Крадци, крадци...“