Инцидентот се случил на 19 јануари, по полетувањето во провинцијата Источен Кејп.
Направена проценка на ризикот
Властите објавија официјален извештај на 8-ми април и наведоа дека пингвинот е причина за несреќата.
Летот првично бил наменет за истражувачка мисија. По успешното слетување и теренското истражување, истражувачот побарал од пилотот да го пренесе пингвинот назад до аеродромот.
Иако е спроведена проценка на ризикот, пилотот не предвидел безбеден и стабилен транспорт на животното.
Кутијата удри во рачката.
Наместо пингвинот да биде ставен во безбеден транспортен простор, картонската кутија во која бил сместен била во скутот на истражувачот кој го држел со раце.
При полетувањето, на висина од околу 15 метри, кутијата се лизнала и удрила во контролната палка, предизвикувајќи нагло и силно свртување надесно.
Сечилата на роторот удриле во земјата и хеликоптерот се урнал.
Никој не е повреден.
Во несреќата нема повредени, вклучително и пингвинот, кој преживеал без никакви последици, додека хеликоптерот е сериозно оштетен.
Пилотот, 35-годишник со лиценца од 2021 година и повеќе од 1.650 часа лет, не е именуван во извештајот, но му било препорачано да помине дополнителна обука за безбедносни процедури, особено при транспорт на животни.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата