Премиерот Христијан Мицкоски денеска го продолжува вториот ден од официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати. Во фокусот денеска се средби со шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, како и со државни и приватни инвестициски компании како „Мубала“ и „Масдар“.
Целта е јакнење на економската соработка во сфери како инфраструктура, туризам, енергетика, агро-бизнис и иновации. Делегацијата вклучува министри, директори и државни претставници, а посетата ќе трае до четврток.
На првиот ден, Мицкоски се сретна со претседателот на ОАЕ, нагласувајќи ја отвореноста за подлабока билатерална соработка.