Малиот Габриел (9), синот на Рејчел Ендрјус, во петокот наутро одел до автобуската постојка кога го однел порој откако обилните дождови ја зафатиле областа.
Габриел, кој само три дена претходно го прославил својот 9-ти роденден, излегол од куќата околу 6.35 часот, но никогаш не стигнал на училиште.
„Тој ден ни требаше да има училиште“, вели неговата неутешна мајка.
Околу 8 часот и 35 минути телото на Габриел било пронајдено на околу километар од местото каде што исчезнал.
Соседите на момчето ја опишале автобуската рута по која одат децата, а многу деца кои живеат во станбениот блок мораат да прескокнат преку одвод за да стигнат до автобусот, објави Си-Ен-Ен.
Габриел бил меѓу најмалку 19-те загинати во неколку сојузни држави откако бранот смртоносни бури го зафати централниот дел на САД, предизвикувајќи десетици торнада и катастрофални поплави.
Во моментот на смртта на Габриел, Кентаки беше во вонредна состојба неколку дена поради лошите временски услови. Франкфорт е особено подложен на поплави поради надојдената река Кентаки што минува низ него.
Додека некои жители велат дека смртта на Габриел била трагична несреќа за која никој не бил виновен, некои родители ја обвинуваат училишната област за неодложување или откажување на наставата во петокот - и покрај широкото предупредување за поплави и фактот што областа веќе откажала две линии со училишни автобуси претходно тоа утро.
Сепак, училишната област со околу 6.000 ученици објавиле објава во која ги отфрла гласините дека училиштата се затворени и потврдува дека ниту едно училиште не е затворено во петокот.
„Сите училишта работат нормално и нема затворања во областа“, се вели во известувањето.
Окружниот судски лекар не ја објавил причината за смртта на Габриел. Неговите резултати од обдукцијата се очекуваат за околу 16 до 20 недели.
Гувернерот на Кентаки, како и училиштето, изразија сочувство до семејството на Габриел.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата