Press "Enter" to skip to content

Пелистер со ново засилување, Бошковски се врати под Тумбекафе

Денес, само на еден ден до завршување на преодниот рок за фудбалерите од Првата лига Пелистер во Битола претстави уште едно ново име, кое е добро познато на битолската фудбалска јавност.

Во таборот на битолчани се враќа Филип Бошковски. Станува збор за 24-годишен играч кој е примарно десен бек, а може да одговори и на спротивната страна и кој првите фудбалски чекори ги направи во Пелистер.

Бошковски во јули 2022 година заигра за Работнички, а негов последен клуб е грузискиот прволигаш Самтредиа.

-Подготвен сум за нови предизвици во мојот омилен дрес, здрав сум, и желен за да се докажам во зелено-белиот дрес, кажа Бошковски.

Пелистер пролетниот дел од ПМФЛ го започнува викендов на свој терен против тимот на Брера.