• Саше Љолес

Екипата на Шкупи му го нанесе петтиот пораз на ТФТ Скопје и славеше со конечни 87-82 во натпреварот од 16. коло во Првата кошаркарска лига.
- Комплетниот натпревар помеѓу Шкупи и ТФТ Скопје:
Домашниот тим беше подобар ривал, а тоа го покажа уште во првото полувреме кое го доби во своја полза со резултат 40-33. Во продолжението од мечот ТФТ заигра за нијанса подобро и се врати во незивесност по истекот на третата четвртина, но во последните десет минути домаќините одново беа во подобар ритам и заслужено ги впишаа бодовите на крајот.
Шкупи беше предводен од одличниот Секој Сила, кој запиша 24 поени и десет скокови, а на спротивната страна два поена помалку постигна Тома Стојановски. ТФТ останува на второто место на табелата со учинок од 11 победи и пет порази, додека Шкупи стигна до шестиот сезонски триумф и сега е на десеттата позиција со вкупно 22 бода.