Плетенини како тренд и во топлата сезона
•
21 мај 2024
Плетените парчиња облека не се резервирани само за ладниот период, трендот продолжува и кога температурите ќе почнат да растат.
Облеката малку се менува, на сцена стапува бохо стилот, а тоа значи дека плетенините стануваат полесни.
Кропирани маички, фустани, здолништа од секаков крој, разни наметки па и панталони, сè може да дојде во комбинација.
Овие парчиња облека имаат посебен шарм, па затоа ги резервираме и за летните денови. Најчесто ги сретнуваме во беж и бела боја, но ги има и во пастелни нијанси, како и разнобојни.
Последните се резервирани за похрабрите модни ентузијасти, додека класичните беж нијанси се избор број еден.
Па доколку сте љубител на бохо стилот, нашиот фото водич ќе ви даде неколку идеи.
Фото: Pinterest