Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс по крајот на блескавата кариера остана на ТВ екраните како стручен консултант. На шоута често знае да упати критика кон фудбалерите на неговиот омилен клуб кои играат сезона под сите очекувања, но неговите критики не сите ги сфаќаат добронамерно.
Сколс откри дека една ѕвезда на Манчестер Јунајтед не била среќна по критиката па побарала од него да се најдат во тренинг центарот.
„Играчите денеска се меки. Имаше еден играч кој оваа година ме контактираше бидејќи не бил среќен за нешто што сум кажал. Сакаше да се најдеме во тренинг центарот и јас му кажав дека нема проблем. Му го дадов бројот, но никогаш не ми се јави.
Ако јас кажувам некои работи во кои верувам и тој сака да му објаснам зошто е тоа така ќе го направев тоа. Немаше тоа да биде убав разговор, но кој и да има проблем со тоа што го велам јас слободно може да дојде до мојот број.
Тоа што го зборам јас или пак некој друг не треба да влијае на фудбалрите освен ако тоа не доаѓа од тренерот, стучниот штаб или соиграчите. Тоа што е кажано на телевизија воопшто не треба да ги допре“, изјави Сколс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА