За прв пат по 25 години: Франција приклучи нуклеарен реактор

39
epa11096143 The Golfech nuclear power plant during a protest of French farmers from the Occitanie region in Valence d'Agen, southern France, 22 January 2024. Their demonstration no longer allows access to the Golfech nuclear power plant and highways are blocked. The farmers' demonstration was called by The Regional Federation of Farmers' Unions (FRSEA) and the Young Farmers of Occitanie under the slogan 'We walk on our heads' (meaning this makes no sense) to denounce tax increases and government policy. EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

ЕДФ планира да изгради уште шест реактори за да го исполни ветувањето на францускиот претседател Емануел Макрон од 2022 година за енергетската транзиција на земјата, иако сè уште не е познато како ќе се финансираат проектите.

Франција го поврза новиот нуклеарен реактор „Фламанвил 3“ на електричната мрежа во саботата наутро, што е првпат во последните 25 години, објави државната енергетска компанија ЕДФ.

Реакторот започна со работа во септември, пред приклучувањето, 12 години откако беше првично планирано, а чинеше околу 13 милијарди евра, четири пати повеќе отколку што беше предвидено.

„Екипите на ЕДФ успеаја во првото поврзување на Фламанвил ИПР на националниот грид во 11:48 часот. Реакторот сега произведува електрична енергија“, објави ЕДФ.

Тој реактор со моќност од 1,6 гигавати е најголемиот во Франција и еден од најмоќните во светот, заедно со кинескиот реактор Таишан со моќност од 1,75 гигавати и финскиот Олкилуото.

Тоа е првиот реактор поврзан на мрежата по Civaux 2 во 1999 година, а тоа се случува во времето на рекордниот француски извоз на електрична енергија.

ЕДФ планира да изгради уште шест реактори за да го исполни ветувањето на францускиот претседател Емануел Макрон од 2022 година за енергетската транзиција на земјата, иако сè уште не е познато како ќе се финансираат проектите.

ИЗДВОЕНИ