Ангов: Нема бела пена и мртви риби на брегот на Дојранско езеро

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов денеска вели дека не се вистинити информациите дека на брегот на Дојранско езеро се појавила бела пена, мртви риби и ракови.

Според него, нема еколошки инцидент, а се работи за риба од видот караш која не можејќи да ја исфрлат икрата, угинуваат.

„Во овој период рибата се мрести и примероци од неа, кои не можат да се измрестат, едоноставно угинуваат, односно пукаат, бидејќи не можат да ја исфрлат икрата.“, вели Ангов.

Жителите, пак исто така велат дека се случува секоја година примероци од оваа риба да завршат на брегот заради немоќност да ја исфрлат икрата, заради повреди нанесени од птици или пак од раните кои една со други си ги нанесуваат во фазата на мрестот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното