Ангелов преку видео ја објасни опасноста од отворена шахта во Аеродром

од Nikola Popovski
87 прегледи

Во скопски Аеродром, отворена шахта спроти ТЦ „Скопјанка“. За штетата информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, во видео на кое во негов помалку драматичен стил, стоејќи над шахтата и гледајќи во дупката објаснува колку е опасно движењето во нејзина близина.

Како што информира, шахтата е длабока е околу 1,5 до 2 метри и доколку некој пропадне внатре, може да се здобие со сериозни повреди.

„Бидејќи местото е доста фреквентно, а во вечерните часови видливоста е намалена, потребно е итно санирање за да се избегнат несакани последици,“ предупредува Ангелов.

Граѓаните се повикуваат на зголемено внимание при движење низ овој дел на Скопје, сè додека проблемот не биде целосно решен.

Слични содржини