Јапонска компанија за сладолед собрала некои од најретките состојки во светот за да направи сладолед кој чини речиси 7.000 долари по топка, додека целосната порција чини близу 15.000 долари.
Состојките на овој скап сладолед вклучуваат редок бел тартуф одгледан во Алба, Италија, каде половина килограм чини близу 7.000 долари. Овој вкус на сладолед содржи и пармезан, како и состојка позната во Јапонија како талог саке.
Добиениот замрзнат десерт чини апсолутно неверојатни 6.696 долари за една топка од 130 милилитри.
View this post on Instagram
Било потребно повеќе од една година обиди и грешки за да се создаде секој детал, вклучително и прилагодена лажица направена од материјали кои традиционално се користат во храмовите во Кјото.
Зошто е толку скапо? Најмногу поради тартуфите кои можат да чинат и до 15.200 долари за килограм. Сладоледот е спакуван во масло од бел тартуф, заедно со специјална рачно изработена лажица.
Според Гинис, Cellato сакал да користи јапонски и европски состојки во обид да постави Гинисов рекорд. Компанијата беше предводена од Тадајоши Јамада, главен готвач во фузија ресторанот RiVi во Осака.
„Ни требаше повеќе од 1,5 година да се развиеме, со многу обиди и грешки за да го добиеме вистинскиот вкус“, изјавил портпаролот на Cellato за Гинис, „Постигнувањето на титулата во Гинисовата книга на рекорди го направи трудот исплатлив“.
И секако, овој сладолед не можете само да го извадите од замрзнувач и да го послужите сами. Cellato советува да започнете со мешање на маслото од белиот тартуф во сладоледот, мешајќи ги двете состојки додека не стане доволно мек за да една лажица навлезе во него. Ако не е сосема готово, можете да го ставите во микробранова рерна 10 до 20 секунди.
Овој сладолед не е единствениот скап десерт на Cellato, тие имаат и друг сладолед наречен Starry Night, кој се прави со црни тартуфи, чоколадо и сок од yuzu. Се продава за 72 долари топче.
Фото: Принтскрин/Instagram