logo
logo
logo

Руте: Целосно сум убеден дека НАТО ќе продолжи да постои и САД ќе бидат дел од Алијансата

Vecer | 02.04.2025

Руте: Целосно сум убеден дека НАТО ќе продолжи да постои и САД ќе бидат дел од Алијансата

- САД повеќепати го потврдија членот 5 од Вашингтонскиот договор, но јасно кажаа дека очекуваат од сојузниците повеќе да трошат на одбраната. Тоа треба да го направиме поради заканите од Русија и од Кина, наведе Руте.

Администрацијата на Трамп повеќепати  ги повика европските сојузници да ги зголемат трошоците за одбрана на пет отсто од бруто домашниот производ (БДП) – повеќе од двојно од сегашната цел на НАТО од минимум два проценти од БДП.

Руте навести дека одлуката за зголемување на трошоците за одбрана најверојатно ќе биде донесена на следниот Самит на НАТО во јуни.

Министрите за надворешни работи на НАТО утре и в петок во Брисел ќе разговараат за зајакнување на одбранбените способности на Алијансата.

- Живееме во опасен свет, НАТО мора да биде посилен, поправеден и поспособен за смртоносни напади, посочи Руте.

Тој ги поздрави напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната во Украина.

- Ги поддржувам напорите на САД за праведен и траен крај на војната. Војната мора да заврши на таков начин што (рускиот претседател Владимир) Путин никогаш повеќе нема да се обиде да заземе педа од Украина или дел од територијата на НАТО, потенцира Руте.

Тој претходно најави дека сојузниците на НАТО за 2025 година ветиле безбедносна помош за Украина во висина од над 20 милијарди евра, а Командата на Алијансата во германскиот град Визбаден ќе продолжи да ја координира воената помош за Украина и обуката на украинските војници. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk