Бизнис
ПАД НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ВО ИСТОЧНА ЕВРОПА
23.12.2024
Меѓународните инвеститори се повеќе ги пренасочуваат вложувањата од земјите на Централна, Источна и Југоисточна Европа и во првите три квартали годинава, бројот на најавените гринфилд инвестициски проекти се намалени за 44 отсто во споредба со истиот период лани, објави Виенскиот институт за меѓународни економски студии во својот извештај за странските директни инвестиции.
Бројот на најавените инвестициски проекти во земјите членки на Европската Унија во регионот и во државите на Западен Балкан се намалил за повеќе од 40 отсто.
- Кризата во германската индустрија и геополитичката неизвесност во целост се одразува и на регионот, вели Олга Пиндјук од Виенскиот институт и авторка на извештајот.
Податоците покажуваат значително забавување на новите странски гринфилд инвестиции во повеќе земји од регионот. Единствено во Молдавија има зголемување на инвестициите.
Меѓу членките на Европската Унија, Бугарија, Полска и Естонија се соочиле со најголеми намалувања. Во Албанија, која бележи економски препород поради повисокиот туристички промет, бројот на гринфилд инвестициони проекти е намален за 88 отсто, пренесува “Бизнис.рс“.
фото freepic