Министерот за спорт, Борко Ристовски денеска се сретна со стручниот тим и со дел од младите спортисти што ќе ја претставуваат Македонија на Светската и на Европската Гимназијада за основни и средни училишта, што ќе се одржи од 4 до 14 април 2025 година во Златибор, Србија.
На овој масовен спортски настан на кој ќе учестуваат над 4000 спортисти од 55 земји, Македонија ќе биде застапена со 60 спортисти што ќе се натпреваруваат во четири спортови – кошарка, одбојка, атлетика и пинг-понг.
Настапот на младите македонски спортисти на Гимназијадата на Златибор е под покровителство на Министерството за спорт во соработка со Сојузот на спортски федерации на Македонија и Федерацијата на училишен спорт на Македонија.