logo
logo
logo

Почина Алиша Берни(25), инфлуенсерка со милиони следбеници (ВИДЕО)

Vecer | 11.03.2025

Почина Алиша Берни(25), инфлуенсерка со милиони следбеници (ВИДЕО)

Таа имала само 25 години.Нејзиниот брат објави на Инстаграм

„Со голема тага објавувам дека почина мојата помлада сестра Алиша Барни“, напиша Чарлс во изјавата објавена на Инстаграм. „Бараме да му дозволите на нашето семејство да тагува во ова тешко време“, додаде тој. Официјалната причина за смртта се уште не е објавена.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by BURNEY (@alyshaburney_)

Во својата објава, Чарлс решително ги отфрли сите неосновани гласини кои почнаа да се шират за околностите на смртта на неговата сестра. „Исклучително е тешко да се гледаат сите овие лажни приказни кои се обидуваат да го оцрнат нејзиното наследство. Подготвени сме да преземеме правни мерки против секој кој продолжува да шири лажни информации за нејзината смрт“, додаде тој.

Таа имаше неколку милиони следбеници.

На крајот од пораката, Чарлс им се заблагодари на сите што покажаа поддршка во овој предизвикувачки период, нагласувајќи колку му е потребна приватност на неговото семејство додека тагува по Алиша. „Знаеме колку луѓето ја сакаа и ценеа. Наскоро ќе споделиме повеќе информации, но ве молиме дајте ни малку време и престанете да го вознемирувате семејството“, заклучил тој.

Алиша ја започнала својата кариера на YouTube во февруари 2013 година. Таа била продуцент, режисер и комичар специјализиран за кратки скечеви, а нејзиниот канал собрала повеќе од 1,2 милиони претплатници. Повеќе од 2,4 милиони луѓе ја следеа на TikTok.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk