• Зоран Мишевски
Вечерва се одигра најголемото дерби во Португалија, а фудбалерите на Бенфика на гости го декласираа Порто со 1-4, во последниот неделен натпревар од 28. коло. Апсолутен херој на „орлите“ беше грчкиот напаѓач Вангелис Павлидис, кој постигна хет-трик и со тоа го торпедираше лутиот противник.
Тој првпат ја затресе мрежата веќе по 40 секунди игра, кога на додавање на Артукоглу го матираше голманот Диого Кошта. На 0-2 зголеми во 43. минута, кога асистент беше Флорентино, додека во 69. минута Анхел ди Марија погоди за 0:3. Во 81. минута дебаклот на Порто донекаде го ублажи шпанскиот центарфор Саму Омородион, кој погоди за 1-3, но тука не беше крајот на агонијата на „змејовите“. Се играше 94. минута кога Отаменди со глава постигна гол од работ на шеснаесетникот за конечни 1-4.
Ова е првпат во 21 век Бенфика да постигне три или повеќе гола против Порто на гостински терен. Бенфика се искачи на врвот на табелата со 68 бодови и има три бода повеќе, со натпревар помалку, од градскиот ривал и бранителот на титулата Спортинг. „Лавовите“ утре од 21:45 часот ја пречекува Брага и сега се под голем притисок. Порто е трет со 56 бодови, а исто бодовно салдо има и четвртопласираната Брага, секако со натпревар помалку.